Samsung Galaxy S21 Ultra 5G прогласен за најдобар смартфон на MWC 2021!

Објавено на 03.07.2021 во Новости



Samsung Galaxy S21 Ultra 5G прогласен за најдобар смартфон на MWC 2021!

За време на секој Mobile World Congres (MWC) што се одржува во Барселона, се наградуваат најдобрите уреди и производители во светот на мобилните уреди. MWC оваа година беше во изменет облик и со задоцнети месеци, но сепак имаше доделување на GLOMO награди што признаваат хардвери, софтвери и услуги, кои што ширум светот поттикнуваат на иновативност во индустријата на мобилните уреди.

Така Samsung Galaxy S21 Ultra 5G победи во категоријата на најдобри смартфони на Global Mobile Awards (GLOMO Awards), како Android смартфон со широк распон на спецификации, неверојатен AMOLED екран, најдобра камера во својата класа и победник е во категоријата за најдобар смартфон за 2021 година. Во потесниот круг влезе и Samsung Galaxy S20 FE, кој со своите спецификации се доближил до поголем број на корисници, вклучувајќи ја AI камерата и прекрасниот Infinity-O 120Hz екран.