Vivo има луда идеја за телефон со сместување на дрон под хауба!?

Објавено на 03.07.2021 во Новости



Vivo има луда идеја за телефон со сместување на дрон под хауба!?

Камерите на смартфоните толку многу напредуваа, што некои дури и ги заменија класичните DSLR апарати. Инженерите од Vivo имаат луда идеја со патент, кој што може да овозможи целосно нова перспектива за снимање со смартфони, снимање од воздухот преку дрон. 

Патентот прикажува телефон,  во чие куќиште е скриен мал дрон со камери. Станува збор за дрон со многу мали димензии, со оглед на тоа што треба да биде сокриен во телефон. Дронот ќе биде со инфрацрвен сензор, две камери и минијатурна батерија. Се уште немаме детални информации, но ова дефинитивно може да биде револуционерно, со оглед на тоа што луѓето почнаа да патуваат кон вселената.