Google го претстави новиот 4K Plus add-on на YouTube TV

Објавено на 04.07.2021 во Новости



Google го претстави новиот 4K Plus add-on на YouTube TV

Моментално, цената за претплатување на YouTube TV чини $65 месечно, и покрај тоа што сервисот стартуваше со $35 пред неколку години. Посебно е тоа што клиентите мора да платат за пристап до нивните омилени канали, а Google ги додал и сите видови на поволности што не се вклучени во основниот пакет. 

Најновиот пакет е 4K Plus add-on, кој ви овозможува да гледате само 4K содржина. Ќе може да гледате “select live and on-demand content” во 4K резолуција од неколку канали како што се Discovery, ESPN, FOX Sports, FX, Nat Geo, NBC Sports, и Tastemade. Со цел ова да може да функционира, ќе ви треба дополнителен уред компатибилен со 4K TV или стриминг уред. Освен тоа што ќе може да гледате 4K содржина, новиот add-on ќе ви овозможи да преземате шоуа, со цел да гледате офлајн. Исто така, добивате неограничени стриминг содржини дома. Досега имавте само до три стрима најмогу.

Новиот add-on не е бесплатен. Ако сакате да гледате 4K содржина, ќе мора да плаќате по 20 долари месечно. Ако се регистрирате првиот месец, првиот месец е бесплатен, а потоа цената за секој месец во текот на целата година, изнесува 10 долари. Ова е достапно само за американските коринсици со активна YouTube TV претплата и претплата за 4K Plus add-on за прв пат.