Samsung Galaxy Z Fold 3 се очекува на Unpacked евентот на 11 август
Објавено на 04.07.2021 во Новости
Samsung потврди дека за време на следниот Unpacked евент, на крајот на ова лето ќе претстави нови смартчасовници (Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic). Јужнокорејските медиуми откриваат дека компанијата ќе ги открие новите преклопни смартфони и слушалки, на истиот евент.
Наводно, медиумите тврдат дека Samsung потврдил дека следниот Unpacked евент ќе се случи на 11 август. Samsung се очекува да ги открие Galaxy Z Fold 3, Flip 3, и Galaxy Buds 2 за време на настанот, при што Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 започнуваат со продажба на 27 август, а новите Samsung часовници за почнуваат на 11 август. Новите преклопни смартфони на Samsung се очекува да бидат со Qualcomm Snapdragon 888 процесор под хауба, додека Galaxy Z Fold 3 ќе биде со S Pen.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.