Realme ќе ги здружи силите со Kodak за следниот смартфон

Објавено на 05.07.2021 во Новости



Realme ќе ги здружи силите со Kodak за следниот смартфон

Realme ја искористи ситуацијата со Huawei и реализираше повисока продажба на пазарот на смартфони, со оглед на тоа што кинескиот бренд беше баниран за користење на Google Services. Realme овој пат најави соработка со Kodak за следниот предводник Realme GT Master Edition.

Realme наводно го прашал Kodak да ја позајми својата експертиза како произведувач на камери и да му помогне за сетапот на камерата. Фотографската компанија одлучила да го прифати барањето и да склучат договор, кој наскоро треба да биде и официјално објавен.