Rimac Automobili и Bugatti ги здружија силите со ново седиште во Хрватска!

Објавено на 06.07.2021 во Новости



Rimac Automobili и Bugatti ги здружија силите со ново седиште во Хрватска!

На чело на новата автомобилска и технолошка компанија во Хрватска, ќе биде Мате Римац. Rimac Automobili ги здружува силите со исконскиот бренд за автомобили, Bugatti Automobiles. Ексклузивна беше најавата со качени автомобили на тврдината Ловренац во Дубровник, кога го најавија големиот нов проект на Rimac Automobili. 

Новиот проект го претставија Мате Римац и Луц Мешке, заменик на претседателот за Управа на финансии и информатика и Оливер Блум, извршен директор на Porsche. 

„Го објавуваме основањето на најдобрата компанија за хиперавтомобили на светот Bugatti Rimac", изјави Мате Римац. 

„Како извршен директор на новата компанија, Мате Римац ќе ја води компанијата во иднина. Porsche ќе се погрижи тоа да се претвори во приказна со успех. Мате, ти посакувам многу среќа“, рекол Мешке.

За само 10 години, Rimac Automobili напредуваа од стартап и еден човек во гаража, до создавање на нова компанија Bugatti Rimac d.o.o. во соработка со двата најпознати и најмоќни автомобилски брендови на светот – Porsche и Volkswagen Group.