Џеф Безос е најбогатиот „пензионер“ во историјата со 197 милијарди долари

Објавено на 06.07.2021 во Новости



Џеф Безос е најбогатиот „пензионер“ во историјата со 197 милијарди долари

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, го напушти кормилото на компанијата Amazon, која претставува една од најуспешните компании во светот. Тој наводно ќе се пензионира, но всушност сака да се посвети на вселенските патувања преку другата компанија Blue Origin и ќе се натпреварува со Илон Маск, сопственикот на SpaceX и Tesla Inc.  

Можете ли да замислите со колкаво богатство Џеф ја напушта компанијата? Богатството му е за 740 илјади пати поголемо од просечен Американец. Безос има 57 години и брои богатство од 197 милијарди долари. Тој останува извршен претседател во Amazon и најголем акционер на компанијата. Датата 5 јули е многу важна за него во моментот кога ја напушта компанијата, затоа што ја основал на иста дата, во 1994 година.





Прочитајте повеќе: