Nintendo ја претстави новата конзола со поголем OLED екран

Објавено на 08.07.2021 во Новости



Nintendo ја претстави новата конзола со поголем OLED екран

Nintendo конечно ја претстави новата верзија на конзола Switch. Таа има неколку подобрувања, меѓу кои екранот е главната промена кон OLED екран и тоа поголем, со екран од 7 инчи. Подобрена е сталката за конзолата, која сега има вграден ethernet приклучок, а конзолата има повеќе меморија (64 во однос на 32GB) и подобар звук. Во продажба излегува на 8 ноември, за цена од 350 долари.

Многумина се разочарани што Nintendo не го надградил хардверот, затоа што има ист процесор и иста меморија како претходниот модел. Кога се поврзува преку HDMI со телевизор, новиот Switch поддржува само 1080p резолуција, додека се очекуваше поддршка за 4K