Доналд Трамп ги тужи Цукерберг и другите социјални мрежи што го блокираа

Објавено на 08.07.2021 во Новости



Доналд Трамп ги тужи Цукерберг и другите социјални мрежи што го блокираа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во среда објави дека поднел тужба проти Twitter, Facebook и Google и нивните директори, затоа што го попречуваат објавувањето на конзервативните ставови.

Трамп смета дека е жртва на цензура, а сите тужби заедно ги поднел во федералниот суд во Флорида, барајќи отштета. На поранешниот републикански претседател му е забранет пристап кон социјалните мрежи на почетокот на 2021 година, затоа што лажно тврдел дека неговиот изборен пораз е резултат на измама.