Концептно видео го демонстрира Apple iPhone 13 Pro 5G

Објавено на 08.07.2021 во Новости



Концептно видео го демонстрира Apple iPhone 13 Pro 5G

Веќе видовме безброј рендери со iPhone 13, кој прогнозира редизајнирана задна камера. Сега имаме и ново видео, кое детално ни ги објаснува можностите со задната камера на Apple iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max, објавено од ConceptsiPhone. 

Аналитичарот Минг-Чи Куо веќе ја спомна појавата на Touch ID скенерот за отпечатоци под дисплејот, но за моделите во 2022 година. Видеото овде сепак покажува нешто слично, но поинакво. Сличен како Touch ID/Power button сензорот кај iPad Air (2020), на ова видео се гледа Power button Touch ID од страната на уредот. Има помал засек и Face ID поддршка. iPhone 13 серијата се очекува да биде претставена од Apple во средината на септември.





Прочитајте повеќе: