Мате Римац тврди дека роботакси ќе вози низ Загреб до 2024 година!?

Објавено на 08.07.2021 во Новости



Мате Римац тврди дека роботакси ќе вози низ Загреб до 2024 година!?

Мате Римац официјално изјави дека Rimac Automobili ќе лансира самостојно возило до 2024 година, наречено роботакси. Додека да се реализира тоа, мора прво да се создаде и инфраструктура и да се креира возилото со цел да биде автономно. На почетокот на 2022 година веќе треба да го направат прототипот на роботакси и да се презентира пред јавноста. 

„Станува збор за голем потенцијал. Направен е прототип на роботакси, го видоа денешните гости, но треба да го однесеме на повисоко ниво и правилно да го претставиме, веројатно на почетокот на следната година. Нашата идеја е да започне да вози тоа автономно возило околу Загреб во 2024 година. Ако не успееме со проектот, сите пари што ги вложивме и ќе ги вложиме, односно стотици милиони, ќе бидат уништени. Но, нашата цел во 2024 година е да го сториме тоа, заедно со целата неопходна инфраструктура“, изјави Мате Римац.

Инаку, Nevera наскоро започнува со масовно производство, а проектот за самостојно возило без возач, т.е. роботакси, ќе биде многу поголем проект од Nevera.