LG Prаdа 3.0 - трет спој на мода и технологија

Објавено на 25.11.2011 во Новости



LG Prаdа 3.0 - трет спој на мода и технологија

 

Технолошкиот гигант LG Electronics и модниот бренд Prada по двата успешни модели, LG Prаdа 1.0 и 2.0, одлучија по трет пат да се спојат и да не изненадат со нов смартфон кој успешно ја комбинира модата и технологија.
 
 
Првиот LG Prаdа, или LG KE850, беше првиот смартфон на светот со екран на допир, додека LG Prada 2.0 донесе новини како „Watch With Link“ технологијата, која овозможува пристап до функциите како што се Cаller ID, SMS пораките, историја на повикот, блокирање на повикот и двонасочни аларм известувања.
 
За оваа верзија, Prada и LG конечно одлучија да направат смартфон кој целосно ќе го дизајнираат од глава до пети - т.е. од највнатрешните хардверски компоненти до надворешниот кориснички интерфејс.
 
Во поглед на перформанси, само познато е дека LG Prada 3.0 ќе доаѓа со 4,3 NOVA дисплеј, дво-јадрен процесор, Android 2.3 Gingerbread, а ќе биде тенок само 8,8 мм.
 
 
„Партнерството меѓу копманиите Прада и LG претставува единствен спој на иновативен пристап и бескомпромисен квалитет, стил, дизајн и револуционерна технологија“, изјави Pаtrizio Bertelli, генерален директор на групата Prada.
 
Првиот и вториот модел на заедничкиот проект постигна огромен светски успех, да се надеваме дека третиот модел ќе го повтори токму тоа, па и повеќе.