Huawei патентираше телефон со селфи камера под екранот

Објавено на 10.07.2021 во Новости



Huawei патентираше телефон со селфи камера под екранот

Huawei е во фаза на развој на камера вградена под екранот, а Samsung Galaxy Fold 3 исто така ќе ја има оваа технологија. Откриени се документи од China National Intellectual Property Administration (CNIPA), на кои може да се види патентираниот телефон на Huawei со камера под дисплејот. 

Според илустрацијата од патентот, LetsGoDigital креирал рендери од следниот модел на еден од најмоќните кинески брендови за смартфони. САД не можеше да го спречи Huawei да остане во светот и со својот софтвер, кој полека се развива, и можеби е убаво така, затоа што сега iOS и Android добиваат трета алтернатива. Следниот модел на Huawei ќе биде со тројна задна камера и ќе има 3,5мм аудио приклучок.