Објавени футроли и рендери, што би биле најслични со iPhone 13 моделите

Објавено на 11.07.2021 во Новости



Објавени футроли и рендери, што би биле најслични со iPhone 13 моделите

Benks е производител на додатоци за смартфони, кој споделил слики од футроли, изработени за следната iPhone 13 серија. Сликите се објавени на кинеската социјална мрежа Weibo и биле репостирани од познатите ликстери Ice Universe и DuanRui на Twitter.

Со оглед на тоа што Apple се уште ништо не објавил, а Benks веќе објавил слики од футролите, интересно е тоа што се уште нема реакции од компанијата на Тим Кук, со оглед на тоа што Benks соработува со Apple. На сликите може да се види 5.4-инчениот iPhone 13 mini, 6.1-инчениот iPhone 13, 6.1-инчениот iPhone 13 Pro, и 6.7-инчениот iPhone 13 Pro Max.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: