Милијардерот Ричард Брансон прв стигна до работ на вселената

Објавено на 12.07.2021 во Новости



Милијардерот Ричард Брансон прв стигна до работ на вселената

Ричард Брансон е првиот милијардер кој успеа да освести комерцијален лет со патници до работ на вселената преку неговата компанија Virgin Galactic и за десетина дена го победи Џеф Безос кој има слична мисија.

Беансон достигна безтежинска состојба со речиси нулта гравитација и тоа искуствое им го нуди на идните туристи кои ќе патуваат со ракетите и леталата на Virgin Galactic.

Сега одговорот ќе го даде Безос кој ќе ја надмине и границата од 100 километри со што научниците сметаат дека формално започнува вселенскиот простор, а завршува земјината атмосфера.