Новиот iPhone SE ќе биде најевтин Apple 5G телефон

Објавено на 14.07.2021 во Новости



Новиот iPhone SE ќе биде најевтин Apple 5G телефон

За 2 месеца Apple ќе ја претстави новата генерација на смартфони. iPhone SE би требало да се појави во првата половина на 2022 година, кој со хардверот би требало да биде ист како iPhone 8 со екран од 4,7 инчи, а ќе го има и моделот базиран на iPhone 11 со 6,1-инчен дисплеј. Ако се точни овие информации, тогаш треба да ги очекуваме iPhone SE и iPhone SE Plus.

Двата модела веројатно ќе го имаат најмоќниот хардвер, но со ист процесор како iPhone 13 и поддршка за мобилна мрежа од новата генерација, така што ова би биле најевтините 5G телефони на Apple. Се уште е рано да се анализира нивната потенцијална цена, но би можела да биде околу 399 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: