Microsoft започнува со Windows 365 облак сервисот за онлајн работа

Објавено на 15.07.2021 во Windows



Microsoft започнува со Windows 365 облак сервисот за онлајн работа

Microsoft најави дека Windows ќе има облак сервис со цел поголемо прилагодување за бизнисот и учениците. Коронавирусот ја изврши дигиталната транзиција најдобро од било кој што би сакал да изврши влијание врз онлајн развојот на нештата.

Windows 365 услугата ќе биде претставена на почетокот на август, која што ќе овозможува да се одбере компјутерска моќ, меморија и капацитет за складирање на лични податоци на корисниците. Претплатниците ќе имаат пристап до облак сервисот преку персоналниот компјутер, Mac, iPhone, Android или ChromeBook, под услов да имаат компатибилен пребарувач со HTML-5.

Автор: Aleksandar Stankov