Кои фаци од шоу бизнисот купиле билет за вселената

Објавено на 15.07.2021 во Новости



Кои фаци од шоу бизнисот купиле билет за вселената

Откако Ричард Бренсон прв замина и се врати од вселената, јасно беше веќе дека интересот за ова ќе порасне. Ако сте љубопитни кои од славните личности од шоу бизнисот ќе заминат на пат низ вселената, тогаш ве информираме дека досега купиле пејачот Џастин Бибер, кој сакал да снима и спот во вселената, понатаму купил актерот Џејмс Камерон, актерот Ештон Качер и неговата сопруга Мила Кунис, пејачката Ријана, актерот Леонардо ди Каприо, актерката Шарлиз Терон, Мајкл Фасбендер, пејачката Кејти Пери и Расел Бренд, кој ѝ го подарил патувањето за нејзиниот 35-ти роденден во периодот кога биле во романтичен однос. 

Бред Пит и Анџелина Џоли исто така ќе патуваат, како и Кејт Винслет. Погледнете го видеото од Ричард Бренсон во вселената на овој линк.