Оливер Димен ќе биде најмладиот патник на Blue Origin во вселената

Објавено на 16.07.2021 во Новости



Оливер Димен ќе биде најмладиот патник на Blue Origin во вселената

Најмладиот патник во вселената со Џеф Безос ќе биде Оливер Димен, синот на Џеси Димен, директорот на Somerset Capital Partners. Џеси Димен платил 28 милиони долари на јавната лицитација за да патува на местото на анонимниот победник на бесплатното патување во вселената, но местото го препуштил на својот син Оливер, кој е студент по физика.

Со Оливер Димен ќе патува и 82 годишниот Воли Фанк, со што ќе влезе во историјата како најстариот патник во вселената. Другите двајца патници во ракетата New Shepard се Џеф Безос и неговиот брат Марк Безос. Blue Origin ќе ги лансира своите патници на повеќе од 100 километри над површината на Земјата и со тоа ќе им овозможи да доживеат микрогравитација. Капсулата ќе се врати на Земјата со падобран, а патувањето ќе биде на 20 јули и ќе трае околу 10 минути.