Samsung Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic со нов процесор за Wear OS 3.0

Објавено на 16.07.2021 во Смарт часовници



Samsung Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic со нов процесор за Wear OS 3.0

Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic се веднаш овде „зад аголот“ и откривме многу за нив досега, особено за нивниот дизајн, кој најверојатно ќе биде точен, со оглед на тоа што ликстерите се 99% со точни информации. Ова е првата најголема надградба со процесор во последните години.

Досега беше 2-јадрениот Exynos 9110 процесор во смартчасовниците на Samsung во 2018, 2019, и 2020 година, кој сега наводно ќе биде заменет со Exynos W920 чип во новите Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic. Наводно, има радикални подобрувања кај Exynos W920, со оглед на тоа што ќе мора да го поддржи новиот Wear OS 3.0. Подобрувањата се за "1.25 пати побрзо процесирање“ и „8.8 пати побрзи графички перформанси“ за Galaxy Watch 4 дуото, во споредба со Watch 3. 

Автор: Aleksandar Stankov