Xiaomi го надмина Apple и го зазема второто место на глобалниот пазар на смартфони

Објавено на 16.07.2021 во Новости



Xiaomi го надмина Apple и го зазема второто место на глобалниот пазар на смартфони

Се додека во работата со Huawei не се вмеша Доналд Трамп, кинеската компанија беше на одличен пат да ја заземе доминантната позиција на глобалниот пазар на смартфони. Како што е добро познато, после завршувањето на црната листа на САД, Huawei не е на списокот на 5 најголеми глобални компании. 

Xiaomi, според податоците од аналитичката компанија Canalys, во вториот квартал на оваа година го надмина Apple и го зазеде вториот најголем удел на глобалниот пазар на смартфони. Во периодот од април до јуни, целокупниот пазар порасна за 12%, а Samsung беше 15% во плус, Apple реализираше раст од 1%, додека Xiaomi во споредба со истиот период од лани, реализирал раст од 83%. Samsung е доминантен со уделот на пазарот и зазема 19% од пазарот, додека Xiaomi е веднаш зад него со 17%, додека Apple е на трето место со 14%.





Прочитајте повеќе: