Valve го претстави Steam Deck, конкурентот на Nintendo Switch

Објавено на 17.07.2021 во Новости



Valve го претстави Steam Deck, конкурентот на Nintendo Switch

Доволен е само еден поглед на конзолата за да заклучиме дека овој уред на Valve ќе се бори со Nintendo Switch, т.е. Switch Lite. Дијагоналата на LCD-екранот изнесува 7 инчи и резолуција од 1280x800 пиксели. Steam Deck функционира со AMD хардвер и го покренува со 4-јадрен процесор, изработен на база на Zen 2 архитектура, додека графиката се базира на AMD RDNA 2 архитектура, истата технологија што ги покренува најновите конзоли на Sony и Microsoft.

Останатите опции вклучуваат 16GB меморија, поддршка за Bluetooth, излез за слушалки и USB-C приклучок. Доаѓа со DisplayPort 1.4 така што ќе може да се поврзе и со монитори. Оперативниот систем не е Windows, туку работи на сопствениот софтвер SteamOS 3.0. 

Основниот модел ќе се продава за цена од 399 долари и доаѓа со 64GB eMMC простор за податоци, што веројатно нема да ги задоволи потребите на гејмерите, кои ако сакаат повеќе меморија, ќе може да го одберат моделот со 256GB SSD кој чини 529 долари или 512 SSD верзијата за 649 долари.





Прочитајте повеќе: