Следниот 5G смартфон на Nokia ќе биде со „груб дизајн“

Објавено на 18.07.2021 во Новости



Следниот 5G смартфон на Nokia ќе биде со „груб дизајн“

Nokia објави тизер за својот следен уред со груб дизајн, односно со дизајн за груби терени. Следниот 5G смартфон нема да има потреба од заштитна футрола, поради неговата отпорна природа. На сликата одозгора може да ја погледнете позадината на Nokia XR20, кој изгледа навистина издржливо за неподобни терени.

Nokia XR20 ќе биде модел од средната класа, со оглед на тоа што се предвидува дека ќе има вградено Qualcomm Snapdragon 480 5G процесор, со огромен 6.67-инчен full HD+ дисплеј, двојна камера од 48MP+13MP, 6GB RAM + 128GB ROM меморија, 8-мегапиксели предна камера и масивна 4,630 mAh батерија. Се уште не знаеме каде ќе биде достапен, но Nokia XR20 се очекува да биде целосно откриен на 27 јули.

Автор: Aleksandar Stankov