Телефони.мк го тестираше Samsung Galaxy S21 во солена вода

Објавено на 16.07.2021 во Новости



Телефони.мк го тестираше Samsung Galaxy S21 во солена вода

Денеска го тестиравме Samsung Galaxy S21 на дело во солена морска вода, на длабочина од 1 до 2 метра и телефонот успешно го помина тестот. Немаше никакви проблеми подоцна.

Видеото можете да го погледнете одозгора. Samsung Galaxy S21 располага со IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, а производителот дефинитивно завршил одлична работа со овој модел.