Бајден го нападна Facebook дека ги „убива“ луѓето со дезинформации за вакцините

Објавено на 19.07.2021 во Новости



Бајден го нападна Facebook дека ги „убива“ луѓето со дезинформации за вакцините

Facebook беше отворено нападнат од американскиот претседател Џо Бајден дека ги „убива луѓето“ со ширење на дезинформации за вакцините. Од компанијата на Марк Цукерберг реагираа: „Барате жртвено јагне. Ние не сме виновни за вашиот успех“. 

Податоците покажуваат дека 85% од корисниците на Facebook во САД се вакцинирани или сакаат да се вакцинираат против COVID-19, напишал Гај Росен на својот Facebook блог, кој е потпретседател во одделот за интегритет и така ги отфрли обвинувањата на Бајден дека таа социјална мрежа придонесува кон ширење на дезинформации за вакцината.