Џеф Безос ќе се издигне над 100 километри од Земјата во вселената

Објавено на 19.07.2021 во Новости



Џеф Безос ќе се издигне над 100 километри од Земјата во вселената

Џеф Безос е најбогатиот човек во светот, кој ќе се придружи кон клубот на астронаути во вторник при првото лансирање во вселената на неговата компанија Blue Origin, што е еден од клучните моменти во големиот месец за новата индустрија на вселенскиот туризам.

Неколку дена порано, во вселената одлета основачот на Virgin Galactic, Ричард Бренсон, со што го претекна основачот на Amazon, Џеф Безос, во вселенста трка на милијардерите. Целта на Blue Origin е многу поамбициозна, во смисла на висината до која што треба да се искачи леталото на Безос, New Shepard, што се однесува до иднината.