Џеф Безос: „Ние сме подготвени. Едноставно сум возбуден, но не сум нервозен“

Објавено на 20.07.2021 во Новости



Џеф Безос: „Ние сме подготвени. Едноставно сум возбуден, но не сум нервозен“

Претходно пишувавме дека Џеф Безос денеска полетува кон вселената со New Shepard од Blue Origin, со неговиот брат Марк Безос, 82 годишниот гостин Воли Фанк и помладиот Оливер Димен. Ова се зачетоците на вселенскиот туризам за во иднина. Ричард Бренсон и Џеф Безос се првите луѓе што со нивната компанија се вивнаа подалеку од Земјата.

„Ние сме подготвени. Возилото е подготвено. Овој тим е неверојатен. Се чувствувам многу добро поради тоа и мислам дека моите колеги од екипажот се чувствуваат добро поради тоа. Едноставно сум возбуден, но не сум нервозен. Ќе видиме како ќе се чувствувам кога ќе бидам врзан за своето место“, изјавил Безос за Fox Business Network.

Автор: Aleksandar Stankov