Џеф Безос го заврши првиот комерцијален лет во вселената со човечки екипаж

Објавено на 21.07.2021 во Новости



Џеф Безос го заврши првиот комерцијален лет во вселената со човечки екипаж

Основачот на Amazon, односно најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, денес стана вториот милијардер на светот што ќе се вивне кон вселената, после совршениот лет со ракетата New Shepard. Безос полета и слета со Марк Безос, Воли Фанк и холандскиот тинејџер Оливер Димен.

Целиот лет со полетување и слетување може да го погледнете на видеото одозгора. Ова е вториот историски лет и предвесник на вселенскиот туризам.