Ричард Бренсон му честиташе на Безос: Добро направено! Импресивно!

Објавено на 21.07.2021 во Новости



Ричард Бренсон му честиташе на Безос: Добро направено! Импресивно!

Меѓу првите што му честитаа на Џеф Безос и неговиот Blue Origin, беше Сер Ричард Бренсон, кој во вселената полета пред десетина дена.

„Добро направено, Blue Origin, Џеф Безос, Марк, Воли и Оливер. Импресивно! Честитки за целиот екипаж од мене и екипата во Virgin Galactic“, напишал Бренсон.

Своите добри желби за добар лет ги упатил и Илон Маск пред летот: „Среќно утре!“.

„Честитки за екипата на Blue Origin на првиот човечки лет на New Shepard! Се радуваме за идните летови со истражувачите и технологијата на НАСА“, напишале од НАСА. 





Прочитајте повеќе: