Научниците се на чекор до потврдување на теоријата за создавање на планети

Објавено на 23.07.2021 во Новости



Научниците се на чекор до потврдување на теоријата за создавање на планети

Она што го откри роботската сонда InSight на Марс им помогна на научниците да ја утврдат големината на езерото со течен метал, дебелината на кората и обвивката на Црвената планета. Потврдено е дека средината на таа планета е стопена.

Сондата InSight од првото спуштање на Марс во 2018 година, забележала 700 марсотреси (читај: земјотреси) со умерена јаќина. Сеизмичките бранови се разликуваат според брзината и обликот додека поминуваат преку различни материјали внатре во планетата , додека InSight инструментите ги снимале контурите во внатрешноста на Марс.

„Прв пат имаме сознанија за темелните структурни елементи на Марс“, вели Брусе Банерт, геофизичар во НАСА и водач на мисијата со InSight.

Дијаметарот на Марс изнесува 3.660 километри, што значи дека е големо и има помала густина. Се состои главно од железо и никел, додека полесните елементи се сулфур, кислород, додека јаглеродот и водородот заземаат голем удел.

Кората на Марс е доста различна од Земјината кора.Кората на нашата планета е поделена на плочи што може да се движат преку внатрешниот слој, а на некои места под океанот, кората постојано се обновува. На Марс, не постои таква активна тектонска плоча на Марс и таму ништо слично од тоа не се случува. Тоа значи дека кората на Марс е многу стара.