Facebook ја напушта реалноста и се сели во „метавселената“

Објавено на 23.07.2021 во Новости



Facebook ја напушта реалноста и се сели во „метавселената“

Шефот на Facebook, Марк Цукерберг во најновото интервју неделава изјави дека сака луѓето на Facebook во наредните пет години повеќе не гледаат како на компанија што се занимава со социјалните мрежи, туку како на компанија што се занимава со „метавселената“, сродниот виртуелен свет, каде што луѓето таму може да работат и да се забавуваат во поголем дел од 24 часа и без да ги напуштаат своите домови.

„Се надевам дека, ако навистина добро го направиме тоа во следните пет години, во идното поглавје на нашата компанија, да се случи транзиција и од тоа луѓето да не видат примарно како компанија со социјална мрежа, со тоа што ќе бидеме компанија на метавселената“, изјавил Цукерберг

Цукерберг ја опишува метавселената како „визија“ што се простира во целосната технолошка индустрија, која претставува еволуциски наследник на мобилниот интернет. Може на тоа да гледате како на интернет, а вие се наоѓате во него.