Не наседнувајте на лажни инсталациски пакети за Windows 11

Објавено на 26.07.2021 во Windows



Не наседнувајте на лажни инсталациски пакети за Windows 11

Штом Microsoft објави дека следниот оперативен систем ќе биде Windows 11, и дека за некои тој систем ќе биде достапен и пред официјалното излегување, на интернет се појавија бројни лажни инсталациски пакети. За девелоперите најважно е да добијат пристап кон новиот оперативен систем и пред неговото официјално излегување, со цел да ги спремаат своите апликации и програми за новиот систем. 

Во меѓувреме обичните корисници едноставно сакаат да се пофалат дека имаат нешто најпрви. Проблем е тоа што Microsoft прво ја објави официјалната апликација која што може да се тестира дали компјутерот што е моментално во употреба е доволно моќен за нов оперативен систем, а потоа и ја отстранил оваа апликација.

Тоа е за корисниците што сакале да проверат дали нивните уреди се спремни за Windows 11, како и оние што сакале да ја пробаат бета верзијата на системот. Меѓутоа, сето тоа продолжи по неофицијални страници, на ризик на корисниците. Лажните активатори ветуваат бесплатна надградба од Windows 10 на Windows 11, и се прилично убедливи на прв поглед, изгледаат како официјално издание на Microsoft.