Huawei P50 ќе се лансира официјално на 29 јули

Објавено на 26.07.2021 во Новости



Huawei P50 ќе се лансира официјално на 29 јули

Официјално е потврдено дека следниот предводник на Huawei ќе се нарекува Huawei P50 и ќе биде лансиран на 29 јули, во 13.30 часот или 17:30 часот по кинеско време. На таа дата пристигнуваат Huawei P50 Pro, Huawei P50 Pro, и најверојатно Huawei P50 Pro Plus. 

Нова ера за Huawei започнува со новиот оперативен систем Harmony OS. Huawei P50 серијата ќе биде со Kirin 9000 процесор, вториот 5нм чип употребен за смартфон. Huawei P50 би можел да дојде со 6/8GB RAM меморија и 128/256GB внатрешна меморија. P50 линијата би можела да биде со заоблен дизајн на дисплејот, кој се очекува да има 6.1-инчен AMOLED дисплеј, P50 Pro со 6.6-инчен AMOLED дисплеј и 6.8-инчен AMOLED дисплеј за P50 Pro Plus. Батеријата ќе биде со 4,000mAh за P50 моделот, 4,200mAh за P50 Pro, и 4,500mAh за P50 Pro+.