Џеф Безос понуди 2 милијарди долари на НАСА за изградба на возило за Месечината

Објавено на 27.07.2021 во Новости



Џеф Безос понуди 2 милијарди долари на НАСА за изградба на возило за Месечината

Џеф Безос има високи цели и сака да ја истражува Месечината, со тоа што на НАСА и понуди 2 милијарди долари за изработка на возило што ќе вози на Месечината. НАСА во април го додели договорот на SpaceX, во сопственост на Илон Маск, а понудата на Blue Origin, во сопственост на Џеф Безос, беше одбиена.

Договорот опфаќа изградба на систем за слетување, што би ги испратил астронаутите на Месечината во 2024 година. Предвидени беа две компании за учество во проектот, но НАСА го додели договорот само на една компанија, поради недостаток на средства. Безос сака да го пополни недостатокот на средства со финансирање на проектот со 2 милијарди долари. 





Прочитајте повеќе: