Се сеќавате ли на Nokia 6310? HMD ја откри 2021 верзијата

Објавено на 29.07.2021 во Новости



Се сеќавате ли на Nokia 6310? HMD ја откри 2021 верзијата

Претходно пишувавме дека HMD Global ги претстави XR20 и C30, но имаше и нов модел на 6310 класикот, кој беше класичен мобилен телефон во 2002 година. Nokia 6310 (2021) има колоритен и класичен телефонски дизајн, со нумеричка тастатура и копчиња. 

Новиот 6310 има поголем и колоритен дисплеј со големина од 2.8 инчи и резолуција од 240 x 320 пиксели. Немате екран на допир, но имате FM радио. Новиот телефон има инсталирано Series 30+ платформа, во сопственост на Nokia, што значи дека нема да имате многу апликации, туку основните.

6310 под хауба има Unisoc 6531F процесор, што ви е доволен да сурфате кога не ја играте популарната игра Snake. HMD нуди 8MB RAM меморија и 16MB внатрешна меморија, но не грижете се, може да ја зголемите меморијата со картичка и до 32GB.

Од задната страна имате камера од 0.3MP и блиц, 3.5мм џек за слушалки, Wi-Fi, Bluetooth, и GPS конекција. 6310 има батерија од 1,150mAh, која според HMD Global може да издржи и неколку недели. 

2021 Nokia 6310 ќе биде глобално достапен за цена од 40 евра, во три бои: темно зелена, жолта и црна.

Автор: Aleksandar Stankov