Спецификациите на Huawei P50 Pro (неофицијално) протекоа без 5G мрежа!?

Објавено на 29.07.2021 во Новости



Спецификациите на Huawei P50 Pro (неофицијално) протекоа без 5G мрежа!?

Наскоро Huawei ќе го претстави Huawei P50 на својот следен евент. MySmartPrice објави дека наводно Huawei P50 Pro ќе биде лимитиран на 4G LTE мрежа, без 5G!? Ако е така, тогаш производителот сигурно не можел да дојде до 5G чипови од САД. 

Како и да е, Huawei сам ќе открие какви ќе бидат спецификациите со мрежата на следната P50 серија, но сигурно е дека под хауба ќе има Kirin 9000 процесор, 8GB RAM + 256GB/512GB меморија. Huawei сепак би можел да лансира и 5G верзија на P50 Pro, кои можеби ќе ги пренамени и за P50 Pro+, затоа што тој ќе биде уредот од највисока класа.

Huawei P50 Pro ќе биде со огромен 6.6-инчен OLED дисплеј со 120Hz и резолуција од 2700 x 1228 пиксели. Селфи камерата ќе биде 13MP со f/2.4 бленда. Задната камера ќе биде со 50MP сензор со f/1.8 бленда и OIS поддршка, плус 40MP со f/1.6 и 13MP со f/2.2 ултраширок сензор.

Ако тоа не е доволно, 64MP зум камерата со бленда f/3.5 и OIS ќе бидат вклучени исто така. Тоа ќе ви овозможи 3.5x оптички зум и 100x дигитален зум. Huawei P50 Pro ќе биде со батерија со капацитет од 4,360mAh со 50W брзо безжично полнење или 66W брзо полнење со кабел.

Huawei P50 Pro ќе има сензор за отпечатоци вграден во дисплејот, стерео звучници и поддршка за nano-SD картичка за дополнителна 256GB меморија. Има IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина. За софтверот уште не се зборува, но се очекува да биде со HarmonyOS наместо со Android.

Останете со нас до најновите официјални информации од Huawei, кој денеска ја открива P50 серијата.