Сликите од Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite излегоа на виделина

Објавено на 29.07.2021 во Новости



Сликите од Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite излегоа на виделина

Motorola Mobility на 05 август ќе претстави три нови модели на смартфони, за кои предвреме излегоа рендери: Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite.

На сликите можеме да видиме дека сите три модели се со тројна задна камера, со заоблен модул. Сензорот за отпечатоци на прсти е вграден во копчето за вклучување/исклучување на телефонот. Модулите за камерата се со минимални разлики од задната страна, со цел да се разликува кој е кој.

Moto Edge 20 Pro е предводникот што има и перископска камера над двете камери, чиј главен сензор е со 108MP. Оперативниот систем е Android 11 и има поддршка за брзо полнење од 30W. Дизајнирани се со пластика, која што изгледа префинето како стакло, додека Edge 20 Pro ќе биде со Blue Vegan Leather опција за да не ви се лизга смартфонот од раце.