Challenger е македонска апликација што ве наградува додека возите велосипед

Објавено на 29.07.2021 во Новости



Challenger е македонска апликација што ве наградува додека возите велосипед

Кој вели дека Македонија нема професионалци и креативни луѓе? Новата апликација Challenger ги наградува велосипедистите со секој поминат километар на велосипед. Се што треба да направите е да ја вклучите познатата апликација STRAVA.

За секој поминат зелен километар, корисниците добиваат поени што може да се заменат за попусти во одредени компании. Постојат и одредени предизвици, кои ви овозможуваат и директна добивка на награда, велат од Challenger. Бројот на поените расте паралелно со раст на километражата што ја минете пеш или на велосипед.

„Сè што треба да направи корисникот е да ја интегрира Challenger со познатата апликација STRAVA, за да ги наградуваме километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот, потребно е корисникот да ја вклучи STRAVA за да почне истата да ги мери километрите“, велат од Challenger.

Challenger во моментот има 6 илјади корисници и над 40 бизниси партнери. Нивната цел е да се поттикне приватниот сектор да ја воведе зелената агенда во бизнис моделот и да се создаде заедница на корисници што живеат одржливо и не ја загадуваат животната средина. За краток рок апликацијата добила многу признанија, и партнер е на тековната кампања IT4Charity. Мобилната апликација е бесплатно достапна за сите Android и iOS корисници.