Xiaomi основа оддел за развој на автономни возила, бара 500 експерти
Објавено на 30.07.2021 во Новости
Xiaomi сериозно ќе се посвети на развојот за автономни возила, планира да вложи неверојатни 1,5 милијарди долари во цел проект. Основачот на Xiaomi, Леи Џун, на својот профил на социјалната мрежа Weibo потврди дека проектот го почнале со основање на "Оддел на Xiaomi за автономно возење“ и официјално објави оглас со кој што бара 500 технички експерти, кои би помогнале на Xiaomi да ја креира сопствената автономна технологија за смарт автомобили.
Иако нема премногу информации за тоа какви услови експертите треба да исполнат, може да се види дека ќе се занимаваат со развој на податочни платформи, алгоритми, контролни системи за возила и нивните интерни компоненти, развој на алатки, софтвер, и перцепција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.