Шефот на Samsung најави што ќе претстави на следниот Unpacked евент

Објавено на 31.07.2021 во Новости



Шефот на Samsung најави што ќе претстави на следниот Unpacked евент

Речиси се е веќе познато за следните модели на Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip. Сега претседателот на Samsung Electronics, Т.М. Роу, изјави официјално што ќе претстави на виртуелниот настан Galaxy Unpacked, кој ќе се одржи на 11 август.

„Додека ги истражуваме сите начини како на корисниците да им го овозможиме само најдоброто, често се напѓаме и на неиспитан терен. Кога ја лансиравме Galaxy Fold серијата на смартфони, креиравме потполно нова категорија на уреди, но не застанавме тука. Бројни иновации овозможивме и со Galaxy Z Fold 2 и Galaxy Z Flip смартфоните, каде што го споивме врвното преклопно искуство на смартфони, заедно со можностите што корисниците ги познаваат и сакаат“, напишал Роу.

Galaxy Z Fold комбинира се што сакаме од смартфони и таблети. Овие уреди ни донесуваат нов начин на работа, поврзување и креирање на содржини. Од друга страна, Z Flip ни овозможува стилска привлечност, чиј дизајн се состои од издржливи и нови материјали. Затоа на Unpacked виртуелниот настан ќе претставиме и некои нови изненадувања за овие смартфони, вклучувајќи го S Pen специјално дизајниран за преклопни уреди, додава Роу.

Иако не спомнува, но Samsung ќе ги претстави и Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic и безжичните слушалки Galaxy Buds 2. Се претпоставува и дека ќе излезе Galaxy S21 FE 5G, поевтината верзија на S21. Останете со нас до 11 август, во 16:00 часот е претставувањето на новите уреди.