Amazon казнет со 746 милиони евра поради кршење на GDPR

Објавено на 01.08.2021 во Новости



Amazon казнет со 746 милиони евра поради кршење на GDPR

Луксембуршката Национална комисија за заштита на податоци (CNPD) го казнила Amazon со 746 милиони евра поради процесуирање на личните податоци, односно кршење на европските Општи одредби за заштита на податоци (GDPR).

Одлуката е донесена на 16 јули, но Amazon најави жалба. „Веруваме дека одлуката на CNPD е без основа и планираме жестоко да се браниме“, велат од компанијата.

Се наведува дека на Amazon му е одредено да ги ревидира деловнтие пракси, но не се наведува кои. Портпаролот на Amazon негирал дека казната е одредена поради протекување на лични податоци на купувачите од ЕУ