150 пожарникари го гасеа батерискиот оддел на Tesla дури 4 дена

Објавено на 04.08.2021 во Новости



150 пожарникари го гасеа батерискиот оддел на Tesla дури 4 дена

Додека нашите пожарникари и пожарникарите од цела Европа се борат со огнените стихии поради високите температури, 150 пожарникари во Австралија и над 30 пожарникарски коли четири дена го гаселе пожарот што избил во Tesla Megapack, големиот батериски систем на електрана во државата Викторија, наречен Victorian Big Battery.

На целата област се поставени 210 Megapack батериски системи, а пожарот избил внатре во контејнер, кој што содржи 13-тонска литиумска батерија. За среќа огнот не се проширил низ другите контејнери и батерии и нема повредени и загинати, а пожарот е згаснат.