WhatsApp слепо го следи Snapchat со пораки што исчезнуваат

Објавено на 04.08.2021 во Новости



WhatsApp слепо го следи Snapchat со пораки што исчезнуваат

WhatsApp ја воведува View Once опција, со чија помош фотографиите и видеата се бришаат веднаш после отварањето. Се разбира, WhatsApp и Facebook постојано ги следат стапките на Snapchat, а истото го следи и Instagram

Сега на WhatsApp ќе може да ја селектирате ознаката 1, која што ќе се појави покрај опцијата за праќање фотографии и видеа, а материјалот што се праќа со користење на оваа опција, е заштитен со енкрипција. Кога фотографијата ја отварате, таа исчезнува од разговорот и на екранот излегува известување дека содржината е отворена и повеќе не е достапна.