Објавена можната цена на Samsung Galaxy A52s 5G во Европа

Објавено на 05.08.2021 во Новости



Објавена можната цена на Samsung Galaxy A52s 5G во Европа

Galaxy A52 5G ќе биде еден од најдобрите 5G смартфони за 2021 година, а во меѓувреме излезе и цената. A52s 5G би требало да биде околу €449 во Европа со 128GB внатрешна меморија, според 91Mobiles. Тоа е цена што е за малку повисока во споредба со онаа на Galaxy A52 5G - €429.

Samsung Galaxy A52s 5G се очекува да има Qualcomm Snapdragon 750G процесор, наместо подобриот Snapdragon 778G, па затоа и цената ја смирува со таквиот чипсет. Ќе биде со целосно интегриран 5G модем со 6GHz и mmWave технологија, а екранот ќе биде AMOLED со 120Hz и големина од 6.5-инчи, со четворна задна камера. Големата батерија од 4,500mAh ќе биде со 25W брзо полнење, оптички вграден сензор за отпечатоци во екранот и Android 11.