Следните модели на Apple телефони и таблети со подобри батерии

Објавено на 05.08.2021 во Новости



Следните модели на Apple телефони и таблети со подобри батерии

Телефоните денес станаа моќни како компјутери и имаат моќни фотографски карактеристики слични како DSLR фотоапаратите. Батеријата е она што најмногу се троши кога имате многу алатки и голем екран на вашиот смартфон, затоа останува еден од најголемите предизвици за производителите, кои мора да ги намалуваат другите компоненти со цел да ја собере батеријата, која константно се зголемува.

Добри вести за сите оние што се незадоволни со батеријата на iPhone и iPad. Apple планира да воведе интегрирани пасивни уреди (IPD) за периферните чипови, кои што се користат кај телефоните, таблетите и компјутерите. Таквите чипови ќе бидат помали и потенки, па така ќе овозможат и подобри перформанси во споредба со чиповите што моментално се користат во iPhone, iPad и Mac.





Прочитајте повеќе: