Ќе го воскресне ли Илон Маск повторно биткоинот

Објавено на 06.08.2021 во Новости



Ќе го воскресне ли Илон Маск повторно биткоинот

Откако биткоин достигна ниво од рекордна вредност 65 илјади долари, нагло падна после шпекулациите на Илон Маск и оттогаш никако да закрепне. Тоа ни кажува колку криптовалутите се подложни на влијанија од познатите личности и неколку други работи. 

Илон Маск на 21 јули изјави дека дповторно ќе го воведе биткоин како средство за плаќање, откако претходно го одби, затоа што го загадувал воздухот. Цената на биткоинот порасна за само неколку минути, но оттогаш нема високи врвови, но се гледа дека сака да порасне. Моментално е со вредност од 40 илјади долари. Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, рече дека криптовалутите се голем дел од иднината на компанијата, а Кети Вуд од Arc Invest има оптимизам за раст на цената на биткоинот. Ќе го воскресне ли Маск биткоин, останува допрва да видиме.