Stories пристигнуваат и кај TikTok, сите копираат од Snapchat

Објавено на 06.08.2021 во Новости



Stories пристигнуваат и кај TikTok, сите копираат од Snapchat

После воведувањето на Stories на Snapchat, сите социјални мрежи ја копираа и оваа опција се покажа како многу успешна, на Twitter, на Instagram итн. Така полесно пријателите ги следат вашите активности, без да трошат многу време. 

Така сега и социјалната мрежа TikTok ја воведе опцијата за кратки видеа, а следното што треба да го очекуваме се Stories. ByteDance се уште немаат официјална објава за приказните, но според експертите опцијата е веќе достапна за одредени корисници, која ќе се нарекува TikTok Stories, и ќе функционира слично како кај другите платформи.