Сакате ли на пат низ вселената со Virgin Galactic? 450.000 долари ве молам!

Објавено на 07.08.2021 во Новости



Сакате ли на пат низ вселената со Virgin Galactic? 450.000 долари ве молам!

Компанијата за вселенски туристички летови Virgin Galactic, во сопственост на Ричард Бренсон, соопшти дека ќе пушти карти за вселенски летови во продажба, со цена од 450.000 долари за еден човек. Компанијата веќе продала 600 карти во периодот од 2004 до 2014 година, при што тогашната цена изнесувала од 200.000 до 250.000 долари.

Virgin Galactic нуди три можности за сите заинтересирани: купување на едно место, пакет со повеќе седишта, на пример за парови или група на пријатели и трета можност за закуп на целото летало. Следниот вселенски лет на Virgin Galactic е закажан за крајот на септември. Се работи за истражувачки лет заедно со италијанското воено воздухопловство, а се полетува од Ново Мексико.