SpaceX го состави својот џин, најголемата ракета досега за вселената

Објавено на 07.08.2021 во Новости



SpaceX го состави својот џин, најголемата ракета досега за вселената

Американската компанија SpaceX ја состави најголемата ракета досега. Двата сегмента на ракетата, горниот "Starship" и долниот погонски "Super Heavy" сегмент се споени во фабриката на SpaceX во Бока Чика, Тексас. Поради височината од 120 метри, сите поранешни ракетни системи во однос на овој, изгледаат како џуџести.

Кога ќе полета, ќе произведе двојно поголем притисок од ракетата што ги однесе луѓето на Месечината. За спојување на двата сегмента, била потребна масивна дигалка. Задржани се еден час во таа положба, а потоа се разделени.

SpaceX има уште неколку недели, односно месеци тестирање пред првиот лет, можно е до крајот на 2021 година. Извршниот директор на компанијата Илон Маск, рече дека „сонот станал јаве“.