Acer Iconia Tab A200

Објавено на 29.11.2011 во Новости



Acer Iconia Tab A200

Новиот таблет на Acer, Iconia Tab A200 туку што се појави на еден видео клип кој со неговата содржина навистина ќе ве „грее“ во студените зимски денови. 

Iconia Tab A200 е стандарден 10 инчен таблето со Android, но има неколку работи кои по кои се разликува од „стадото“.
 
Првата е присуството на USB портот, а втората е ниската цена. Колку? Не знаеме точно, но се зборува за цена од околу 350 евра во Европа.
 
За тие пари добивате дво-јадрен Tegra 2 процесор, 10.1 инчен дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели и слот за microSD мемориска картичка. Иако засега за поврзување ви е достапна и Wi-Fi мрежата, од Acer велат дека набрзо ќе има модел со 3G поддршка. 
 
Исто така, не знаеме кој точно ќе го „води шоуто“, дали Honeycomb или најновиот Android 4.0 Ice Cream Sandwich, но штом дознаеме ќе можете да прочитате во рецензија за тоа.